Утрински Весник
Македонија

„Задоцнија институциите“, па со задоцнување ќе почне и маршот во Кочани

Kocani protest 1 1024x576 1.webp.webp

Семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“ продолжуваат со организирањето на „Маршот за ангелите“ и денес, сабота, 14 јуни, ќе се одржи деветтиот по ред.

За разлика од досегашните, овој протестен марш ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите.


Организаторите на маршот истакнуваат дека тој истовремено е и за поддршка на повредените лица во трагедијата, поради што ги повикуваат и нивните блиски, роднини и пријатели да се придружат. Протестот е со единствена цел да се добие правда за сите кои настрадаа во пожарот, за којшто тие велат дека не е несреќен случај, туку масовно убиство.

Учесниците на маршот ќе тргнат од Паркот на Револуцијата, ќе продолжат низ Трговскиот центар, потоа пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

Организаторите ги покануваат сите граѓани кои даваат поддршка на нивните барања да им се придружат, а медиумите слободно да го проследат настанот.

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч