Утрински Весник
Македонија

Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава против Мицкоски

Apasiev.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, со статус на социјалните мрежи реагираше за последните приведувања на полициски службеници, поврзани со трагедијата во Кочани. 


„Сите наведени валкани полицајци од кривичната пријава на Левица против премиерот Мицкоски се уапсени. Вака ли  “се беше чисто” и никого не штитевте за трагедијата во Кочани!?”

Во својот статус, претседателот на Левица јавно ја прозва власта зошто дури после три месеци постапува и праша колку докази се уништени во меѓувреме. 

На 28 мај, пратеничката група на Левица поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски за кривично дело „попречување на правдата”, поврзано со трагедијата во Кочани. Во поднесената кривична пријава, Левица наведе повеќе функционери кои не беа опфатени тогаш во истрагата. Меѓу нив беа началничката на ОВР Кочани, началникот на Одделот за криминалистички работи во Кочани, началникот на СВР Штип, главната инспекторка за економски криминал во ОВР Кочани, сменоводителот во ПС Кочани, сопственикот на приватната агенција за обезбедување и директорот на ДПИ, Влатко Стојковски.

Можете да прочитате

Сведоштво на мајка на жртва од „Пулс“: Монструмот Деко се криел во скривница во објектот, а нашите деца умирале

Ослабна топлиот бран: Имаме многу попријатни температури!

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да ја напушти функцијата ако така одлучат граѓаните