Утрински Весник
Свет

Иран лансираше околу 100 дронови кон Израел, армијата работи на нивно пресретнување, соопшти израелската војска

20250613071454 big 730x400 33.webp.webp

Иранските сили лансираа околу 100 дронови кон Израел, армијата работи на нивно пресретнување, соопшти израелската војска.

Израел утрово соопшти дека го нападнал Иран, а иранските медиуми објавија дека во Техеран се слушнале експлозии. Нападот ги зголемува тензиите околу напорите на САД да обезбедат согласност од Иран за запирање на неговата нуклеарна програма.


Израел соопшти дека прогласува вонредна состојба во очекување на напади со ракети и беспилотни летала од страна на Техеран.

Израелски воен претставник изјави дека Израел напаѓа „десетици“ нуклеарни и воени цели.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад