Утрински Весник
Македонија

Македонија се гради, магистралниот пат Охрид- Св.Наум од денес е пуштен во употреба

20250530113222 big 730x400 16.webp.webp

Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри, соопшти прес-службата на Владата.

Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец изнесуваше 11,7 милиони евра.


Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец.

Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија.

Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија.

Како Влада ветивме дека ќе ја трансформираме Македонија напред. Тоа и го правиме.

Државата е на патот на промените, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари

Регистрирани 27 пожари, активни шест, еден под контрола

Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект – евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз