Утрински Весник
Свет

Според индиските медиуми еден патник ја преживеал авионската несреќа

Ss 20.webp.webp

Полицискиот комесар на Ахмедабад потврди дека е пронајдено едно лице кое го преживеа падот на авионот што полета за Лондон утрово и се урна во близина на аеродромот кратко по полетувањето.

Според индиските медиуми, патникот, чиј идентитет сè уште не е објавен, седел на седиштето 11А. Полицискиот комесар, исто така, изјави дека овој патник моментално е на лекарска помош.


Авион на Ер Индија со најмалку 242 лица на лет за Лондон се урна во близина на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад неколку минути по полетувањето. Локалните власти претходно изјавија дека се чини дека нема преживеани во падот.

Можете да прочитате

Рубио: Очекувам Иран да достави сериозен предлог за прекин на огнот

САД ги објавија првите тајни документи за НЛО

Арагчи: САД се одлучуваат за воена авантура секогаш кога на масата е решение