Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: ЈО да отвори постапка за криминалниот круг Филипче – Заев – Зобек мининг

11.06.2025.jpg

Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која на тендер носела јаглен во ЕСМ и фирмите на Заеви кои инкасирале 9 милиони од истиот тендер, а се поврзано со улицата Гоце Делчев бр. 12 во Петрич, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Петрушевски потенцира дека Венко Филипче сега кога е претседател на СДС е сè уште и управител на бугарска фирма.


„Истата таа бугарска фирма на Филипче дели канцеларија со фирмата на Заев која наплатила 9 милиони евра за ископ на јаглен во Грција од фирмата која го продавала на ЕСМ.

Фирмата која го продавала јагленот на ЕСМ е фирмата која му го купи луксузниот џип ауди Q8 на Венко Филипче.

Овој криминален круг, Заев, Филипче, Зобек мининг мора да биде растурен.

Очекуваме ЈО да отвори постапка. Премногу очигледни и на тацна се сите давања и земања, и многу лесно се гледа политичкото влијание. А наградата, џипот за Филипче е крунски доказ, од каде почнува се“, додаде во изјавата.

ЈО да не молчи. Постапка веднаш. Во спротива ќе се испостави дека се само заштитници на криминалците од СДС, рече Петрушевски.

Можете да прочитате

Умерен топол бран од Африка во Македонија: Имаме температури околу просекот за јуни

АА: Затворањето на нелегалните онлајн казина кои можат повторно да се отворат од кој било дел на светот – политички театар

Состојбата меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија