Утрински Весник
Македонија

Јаневска им го честита на учениците успешниот крај на учебната година и им посака пријатен распуст

20250610091954 big 730x400 31.webp.webp

Пријатен летен распуст и честитки за напорната работа и заслужениот успех им посака министерката за образование и наука Весна Јаневска на основците и средношколците кои денеска ја завршуваат учебната 2024/2025 година.

-Пред вас е летниот распуст, добро одморете се, но не заборавајте дека има време и за игра и за читање книга, и за забава и за совладување нови вештини, за дружење и за користење на компјутерот за истражување, напиша министерката на својот фејсбук-профил. 


Честитки за крајот на годината упати и до сите учители, наставници и професори кои, како што вели, „секој училишен ден им помагаа на младите луѓе да стекнат нови знаења и да бидат поспособни за соочување со предизвиците“.

-Го цениме вашиот труд, ги зголемивме вашите плати за над 12 отсто и тие ќе продолжат да растат, а континуирано ги подобруваме и условите во кои работите. Вие сте столбот врз кој го градиме квалитетниот воспитно-образовен систем и затоа сме ви благодарни, наведува министерката.

Посебна честитка, напиша Јаневска, им упатува на родителите и старателите како партнери во образованието, „за нивната поддршка и довербата заедно да придонесеме за напредокот на секое дете“.

-Чесни, праведни и одговорни луѓе, со знаења и вредности, можеме да градиме само со заедничка посветеност. Министерството за образование и наука продолжува со подобрувањата на воспитно-образовниот систем, работиме на нова Стратегија за образование, на создавање услови за обезбедување едносменско работење и продолжен престој за учениците во што поголем број училишта. Работиме на подобрување на инфраструктурни услови, ги надградуваме наставни програми и учебниците и го забрзуваме процесот на дигитализација, посочува Јаневска.

Додава и дека оваа учебна година МОН направивило многу, потсетувајќи дека се обезбедени  учебници за предметите за кои немаше, донесени се клучните закони и заедно со општините работеше на јакнење на училишните средини „за да бидат мирни и безбедни за учениците, без сегрегација и дискриминација по ниеден основ“.

-За учебната 2025/2026 сите заедно треба да направиме уште повеќе, за да можат нашите деца да добијат образование какво што заслужуваат, напиша Јаневска на Фејсбук. 

Можете да прочитате

За сега, ништо од една изброна единица: Одбиен е предлогот на ЛДП

ИЈЗ за Денот против злоупотреба на детскиот труд: Детството не смее да биде жртвувано за профит, сиромаштија или негрижа

Адеми: Оваа земја им припаѓа на сите