Утрински Весник
Македонија

Владата со порака за Кочани: Ова е заедничка борба, ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами

Vlada.webp.webp

Трагедијата во Кочани во која животот во загубија 62 млади лица е од невидени размери.

Како Влада истакнавме дека наша обврска покрај целосна истрага и расветлување на случајот, носење на сите инволвирани лица пред правдата, е и да обезбедиме соодветна здравствена заштита и медицинска помош на сите повредени и нивни семејства.


До сега како Влада обезбедивме 30 милиони денари за транспортот и сместувањето на придружбата односно за членовите на семејствата на повредените пациенти.

Но, нашата грижа не завршува тука, бидејќи Кочани е наш приоритет и никој не смее да биде заборавен.

Дополнително отворивме телефонска линија која е во директна комуникација со претседателот на Владата. Повредените и нивните семејства можат да се јават на телефонскиот број 070/355-526 за да ги искажат своите барања, конкретни предлози и потреби кои ги имаат.

Понатаму, на владина седница ќе донесеме одлука со која одморалиштето Пониква кое располага со 27 соби и 56 легла се пренамени во центар за рехабилитација, во кој медицински кадар ќе може да работи како на психофизичката состојба така и на пружањето на медицинска нега за брзо закрепување на повредените граѓани.

Ова е заедничка борба, ниту повредените, ниту семејствата на починатите млади лица не се сами.

Како Влада ќе направиме се што е во наша надлежност да помогнеме и да се обидеме да ја намалиме болката.

Носиме конкретни мерки кои се од интерес на граѓаните.

Државата мора и се менува.

Можете да прочитате

Пожар во општина Старо Нагоричане

Топлиот бран во Македонија продолжува се до крајот на оваа недела!

Со поддршка на Агенцијата за филм во моментов се снимаат три македонски долгометржани филмови