Утрински Весник
Македонија

Министерството за социјална политика стана првата јавна институција со веб – страница достапна за лицата со попреченост

Image 2025 06 09 102321870.png

Министерството за социјална политика, демографија и млади стана првата јавна институција која има целосно пристапна веб-страница за лицата со попреченост, во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1.

Ова претставува  историски чекор кон дигиталната инклузија и еднаквост. Со поддршка на тимот од AccessWay, овозможивме веб- страницата на министерството да стане  достапна за сите корисници, вклучително и за лицата со визуелна, моторна или когнитивна попреченост.


Ова исклучително достигнување испраќа силна порака – Инклузијата започнува од пристапот!

Министерството ги повикува сите јавни институции да го следат овој инспиративен пример.

Заедно можеме да изградиме општество и иднина што ќе биде поправична, поеднаква и поинклузивна за сите.

Посетете ја: www.mtsp.gov.mk

Можете да прочитате

Македонија под топлотен бран температури до 40 степени

Мајка од Струга ги оставила децата да спијат во автомобил на паркинг

Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја