Утрински Весник
Македонија

Срам ми е од Карпош каков што е денес вели Јакимовски

Img 0530.jpeg

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку емотивна објава на својата официјална Фејсбук страница, упати критика за состојбата со хигиената и општата слика на општината, изразувајќи незадоволство и грижа за секојдневието на жителите.

„Ќе бидам искрен – срам ми е како изгледа Карпош овие денови“, напиша Јакимовски, посочувајќи на преполните контејнери, расфрланиот смет и запуштеноста со која се соочуваат граѓаните.


Тој додаде дека го боли фактот што луѓе кои чесно ги плаќаат своите давачки не добиваат соодветна услуга и услови за живеење, нагласувајќи дека дел од проблемите се надвор од општинските надлежности.

„Не ми е лесно ни мене како градоначалник да гледам дека надвор од мојата надлежност, некој не си ја врши работата – а граѓаните страдаат. И не е тоа некаков изговор – туку чувство на немоќ и горчина што не можам сам да го решам она што е системски проблем“, пишува тој.

Јакимовски апелира дека Карпош не смее да изгледа вака и дека општината и нејзините жители заслужуваат повеќе – достоинствено секојдневие, чиста средина и одговорно постапување од сите институции.

Можете да прочитате

Странски возачи чекаат да ги платат казните од „Сејф сити“, гужва на Табановце

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци