Утрински Весник
Свет

Поранешен војник ги убил своите три ќерки, го бараат со дронови и авиони

Ubieni devojcinja.png

Полициските службеници изјавија дека 32-годишникот поминал „обемна воена обука и може да претставува значителен ризик“.

Продолжува потрагата по поранешниот војник Тревис Декер (32), кој е осомничен за киднапирање и убиство на неговите три ќерки, Евелин, Пејтин и Оливија, во американската држава Вашингтон, пишува Скај њуз.


Полициските претставници изјавија дека 32-годишникот поминал „обемна воена обука и може да претставува значителен ризик“, иако не се сигурни дали бил вооружен. Граѓаните се предупредени да не му се приближуваат и веднаш да се јават на 911 ако го видат.

Дронови на терен
Во потрагата се вклучени американските шерифи, полицијата и ФБИ, а беспилотни летала и авиони се исто така на терен пребарувајќи оддалечени шумски области. Мајката пријави дека нејзините ќерки, на возраст од пет, осум и девет години, се исчезнати во петокот откако Декер не успеал да ги врати по посетата што требало да трае три часа.

Во текот на викендот, полицијата го бараше белиот пикап во кој наводно живее Декер. Тој беше пронајден во понеделник во близина на камп западно од Ливенворт, во близина на Сиетл. Телата на убиените девојки беа исто така пронајдени во близина.

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе во Турција

Четири лица загинале, а 14 повредени во пожар во станбена зграда во Франција