Утрински Весник
Македонија

Поради сообраќајка затворен за сообраќај патот Струмица – Валандово

Policija.jpeg

Од АМСМ информираат дека утрово сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Валандово е во прекин во двата правци поради сообраќајна незгода.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози.


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Николоски: Судството и обвинителството целосно потфрлаат

National Geographic ја издвојува Македонија како најдобра дестинација за гастрономија на Балканот

Невреме со град и силен дожд го зафати попладнево Дојран