Утрински Весник
Свет

Кремљ: Вежбите на НАТО во Балтикот се подготовка на алијансата за можен воен конфликт со Русија

Kremlj.webp.webp

Воените вежби на НАТО во Балтичкиот регион се дел од подготовките на алијансата за можен воен конфликт со Русија, изјави заменик-рускиот министер за надворешни работи Александар Грушко.

– Воената активност на НАТО ја оценуваме како дел од подготовките за воени конфликти со Русија, рекол Грушко, пренесе Тас.


– Ако го погледнеме фокусот на овие вежби, концептот, структурата на распоредувањето на силите, самите сили, нивниот квалитет, задачите што се поставени за овие вежби, тогаш е јасно дека станува збор за борба против споредлив противник, наведе тој.

Овој месец се одржува BALTOPS – годишната воена вежба на НАТО во Балтичкото Море и околните региони.

Овогодишниот BALTOPS 25 е најголема годишна поморска воена вежба на НАТО во Балтичкиот регион, која се одржува од 3 до 20 јуни 2025 година.

Во вежбата учествуваат околу дваесет држави, повеќе од 40 бродови, 25 авиони и приближно 9.000 припадници на вооружените сили. Главниот акцент е на интеграцијата на беспилотни летала (UAV) во поморските операции, како и на заедничкото увежбување на способности како што се амфибиски операции, противвоздушна одбрана, противподморничко војување, противмински мерки, медицинска евакуација и заедничко спасување на персонал.

Вежбата се спроведува на широко подрачје на јужниот Балтик, од Данските Теснеци и Јутландскиот Полуостров до Заливот Гдањск, а вклучува и бојно гаѓање на поморски полигони. BALTOPS 25 дополнително ја зајакнува интероперабилноста и подготвеноста на НАТО сојузниците и ја демонстрира заедничката способност за одбрана и зачувување на слободата на пловидба во регионот, особено во година кога НАТО ја одбележува 75-годишнината. 

Можете да прочитате

Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам

Повеќе од половина од самовработените во ЕУ работат и по пензионирање

ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест