Утрински Весник
Македонија

„Тигар“ демонстрира евакуација од жичарница

8 1.jpg

Денеска на жичницата „Милениумски крст” на Водно се реализираше показна вежба на тема „Евакуација од жичница”, во која учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица – Тигар на Министерството за внатрешни работи.
Според сценариото, жичарницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела жичница со што граѓаните остануваат заглавени во кабините во воздух. Во такви услови се ангажираат обучени тимови за интервенирање во ваков тип на инциденти, со цел безбедно и координирано да ги евакуираат патниците останати во кабините.

„Преку ваквите вежби се стремиме да ги подобриме капацитетите на полицијата за навремено и ефикасно реагирање при слични кризни настани, како и да се зајакне меѓусебната координација, во насока на поголема заштита и безбедност на граѓаните.”, истакна министерот Тошковски.


Можете да прочитате

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година

Неделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70 проценти

Активни шест пожари, три под контрола