
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук остро му возврати на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека молчи пред, како што вели, „флагрантен криминал“ поврзан со градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и пратеникот Изет Меџити.
„‘Лавот’ Мицкоски не смее да писне против Ганиу и Меџити. Не смее на криво да ги погледне, не пак да бара одговорност за криминал. Лав? Маче,“ пишува Арсовска.
Таа тврди дека досега презентирала документи и снимки за над 150 дивоградби, но институциите, вклучително и полицијата, не реагираат. Обвинува и за селективна примена на законот, алудирајќи дека при нејзино претставување до МВР, ѝ била прекинувана врската на бројот 192.
Во објавата таа прашува и што значат предупредувањата и заканите кои, според неа, ги добива од највисоки политички структури:
„Што ќе видам? Ќе ги реализирате заканите или ќе фабрикувате лаги за да ме девалвирате?“
Арсовска остро ја отфрла и тезата за „дестабилизација“, наведувајќи дека токму политичката гарнитура се дестабилизира кога нема одговор за, како што вели, „криминалот на ВЛЕН“.
Целиот текст од објавата на Арсовска на следниот ЛИНК