Утрински Весник
Македонија

Филипче: Од Крива Паланка започнуваме – време е да си ја вратиме државата на вистинскиот пат!

Img 9948.jpeg

Во Фејсбук-објава, претседателот на СДСМ Венко Филипче порача:

„Крива Паланка е една од општините што претрпе најголема трансформација во изминатите години. Тоа е резултат на чесна, посветена и одговорна работа, и затоа денес му ја честитав кандидатурата за нов мандат на градоначалникот Сашко Митовски – а сигурен сум и во победата!


СДСМ е партија која ги постави темелите на современата македонска држава. Ние произлегуваме од борбата на Илинденците и АСНОМ-ците за слободна, праведна и еднаква држава – држава во која граѓаните ќе живеат достоинствено, а не ќе преживуваат.

По само десет месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ гледаме пустош. Корупција наместо реформи, тендери за свои наместо инвестиции, раст на цени наместо раст на стандардот. Македонија е заробена, а народот – изневерен.

Народот не бара чуда – бара можност да живее дома, а не билет во еден правец.

ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам, а патува со бугарски пасоши. Тоа е лицемерие и квазипатриотизам.

Јас верувам во вистинските вредности. Македонија мора да биде дел од светот кој се движи напред – дел од НАТО и идна членка на Европската Унија. Таму припаѓаме. А СДСМ е единствената гаранција за таа европска иднина.

Ние не бегаме од реформи, не бегаме од европски обвинители. Знаеме – без правда нема иднина.

А токму затоа тие што денес владеат бегаат. Се кријат зад лажен патриотизам – и одговорноста ја избегнуваат.“

Можете да прочитате

Над 46 отсто од возрасните мажи и 27 отсто од возрасните жени во земјава се никотински корисници

Сиљановска-Давкова од „Криволак“: Кога светот е растргнат меѓу војните и надежта, нашата армија демонстрира интероперабилност и подготвеност

Со одобрување од Обвинителството и Апелација, МВР му далo времен пасош на Јахоски за да оди во Турција