Утрински Весник
Македонија

Митева: Фондот за здравство работи на формирање тимови за рехабилитација на повредените во Кочани

Fzorsm 728x406 1.jpg

Фондот за здравство работи на формирање тимови од странски и домашни експерти кои ќе бидат во Кочани и ќе дадат максимална поддршка во делот на рехабилитација на сите повредени, истакна на денешната прес -конференција во Владата, портпаролката Марија Митева.

Одговарајќи на новинарски прашања и најавата на премиерот Христијан Мицковски дека во Кочани ќе бидат испратени специјални медицински тимови, нагласи дека фокусот е да направат решение засегнатите да добијат најдобра рехабилитација.


– Фондот за здравство најави тимови од странски и домашни експерти кои ќе бидат во Кочани и ќе дадат максимална поддршка во делот на рехабилитација на сите повредени. Очекувам тоа во најскоро време да се случи, затоа што знам дека Фондот за здравство работи на една таква процедура и дека ќе соопштат во јавноста кога ќе ги испратат тие тимови, на кој временски период, како ќе оди состојбата. Фокусот е да напрaвиме едно решение кое ќе биде континуирано и нема да добие светло во јавноста од аспект на тоа дека нешто се прави, туку да ја видиме суштината од тоа. Се разбира во најбрзо време да добијат засегнатите најдобра рехаблитација во делот на здравството – рече Митева.

Во однос на најавата за проект Кочани 20-30, кажа дека размислуваат како да го спроведат тој проект во соработка со Европската унија.

– Тоа е проект кој ќе значи реконструкција на болници, изградба на нови спортски сали. Кога ќе ги има сите детали претседателот на Владата ќе биде прв кој ќе ја информира јавноста – рече Митева.

Можете да прочитате

Павле Трајанов: Демократски сојуз поднесе предлог за измени на Изборниот законик

Барометар на корупција на Транспаренси Интернешнл – Македонија – „Бистро-Матно“ за мај 2025

ВЛЕН: 600 млади работници во заштитата на животната средина, додека опозицијата “гори”, ние спречуваме пожари