Утрински Весник
Македонија

Филипче: Подготвени сме да разговараме за една изборна единица, но под еден услов

Venko Filipche Sdsm.jpeg

По повикот на премиерот Христијан Мицкоски кој вчера на седницата за пратенички прашања ја повика опозицијата да поддржи измени на Изборниот законик за една изборна единица, денеска лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче изјави дека се подготвени да разговараат за предлогот, но дека за ваквиот предлог треба да се разговара со сите политички партии.

– Подготвени сме да разговараме за било што, меѓутоа тоа е работа во која треба да учествуваат сите политички партии затоа што не е само прашањето за една изборна единица, туку тука е и прашањето за цензусот, за отворените листи, изјави денеска Филипче пред почетокот на настанот „Прогресот на Северна Македонија во Берлинскиот процес и Планот за раст“ во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС).


Премиерот Мицкоски вчера од собраниската говорница рече дека со измените ќе и се овозможи и на дијаспората да гласа и нагласи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за измените.

Можете да прочитате

Оперативниот план за вработување за 2025 година зголемен за 7,5 милиони евра

Партија на пензионери: Провизиите за основните банкарски услуги се највисоки во регионот

ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Ни следува вистинско лето