Утрински Весник
Свет

НБА: Њујорк избори шести натпревар против Индијана

20250530091437 big 730x400 59.webp.webp

Финалната серија во Источната конференција на НБА лигата сè уште трае, откако кошаркарите на Њујорк ја совладаа синоќа Индијана со 111-94 на домашен терен во Медисон Сквер Гарден и со тоа го намалија резултатот на 2-3 во серијата до четири победи.

Со овој пораз Индијана ја пропушти првата шанса за пласман во големото финале, а втората ќе ја има ноќта меѓу сабота и недела кога шестиот натпревар се игра во Индијанаполис.


Њујорк до втората победа во финалето на Истокот го предводеше Џејлен Брансон, кој го заврши натпреварот со 32 поени, а Карл-Ентони Таунс додаде 24 поени.

Играчот од клупата Бенедикт Матурин беше најефикасен во редовите на Индијана со 23 поени, а додаде и девет скокови.

Победникот од пресметката меѓу Индијана и Њујорк во финалето ќе игра проитв Оклахома, која го доби финалето на Западната конференција против Минесота со 4-1. 

Можете да прочитате

Русија и Украина разменија нова група воени заробеници

Песков: Не е планирана заедничка декларација по средбата Путин-Трамп

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз