Утрински Весник
Свет

Северна Кореја: „Златна купола“ е закана која може да предизвика нуклеарна војна во вселената

Zlatna kupola tramp3 1.jpg

Северна Кореја ги критикуваше плановите за противракетниот систем „Златна купола“ на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека системот би бил „многу опасна“ закана што би можела да предизвика „нуклеарна војна“ во вселената, јавија денеска севернокорејските медиуми.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја издаде меморандум „за да ѝ соопшти на меѓународната заедница дека воспоставувањето на нов ракетен одбранбен систем од страна на САД е многу опасен „заканувачки потег“ чија цел е да ја загрози стратешката безбедност на државите со нуклеарно оружје“, наведе официјалната новинска агенција КЦНА.


Во меморандумот се наведува дека САД се „решени да ја милитаризираат вселената“ и оти сакаат да ја трансформираат „во потенцијална зона за нуклеарна војна“.

Трамп минатата недела објави нови детали од планот и најави издвојување на 175 милијарди долари за системот за противракетна одбрана.

За системот „Златна купола“ тој рече дека е многу важен за успехот и опстанокот на САД.

Можете да прочитате

Евакуирани 17.000 луѓе поради шумски пожари во централна Канада

Авион на јужнокорејската морнарица се урна со четири лица во него, нема информации за преживеани

Израел најави дека ќе изгради 22 нови еврејски населби на окупираниот Западен Брег