Утрински Весник
Свет

Холандија ги испорача последните 24 авиони Ф-16 на Украина

F 16.jpg

Министерството за одбрана на Холандија објави дека последните 24 борбени авиони Ф-16 се испорачани во Украина, со што е завршена испораката на овој вид воена помош од страна на Холандија.

Последните холандски авиони Ф-16 наменети за Украина ја напуштија воздухопловната база Волкел на југот на Холандија во понеделник и се упатија кон Белгија, каде што ќе бидат технички подготвени за конечна испорака. На испраќањето на авионите присуствуваше и претставник на холандското Министерство за одбрана, Рубен Брекелманс.


„Ф-16-се од клучно значење за Украина поради секојдневните руски воздушни напади. Тие ни овозможуваат да ја држиме руската агресија подалеку од нас“, рече Брекелманс.

Покрај испораката на авионите, Холандија помага во одржувањето на нивната борбена готовност и учествува во организирањето на обука на пилоти во Европскиот центар за обука за летање (EFTC) во Романија.

Украина ја прими првата пратка холандски авиони Ф-16 во октомври 2024 година, а втората во февруари 2025 година. Претседателот Володимир Зеленски во март објави дека пристигнала уште една пратка од Холандија.

Можете да прочитате

Авион на „Ер Индија“ принудно слета на островот Пукет во Тајланд по закана за поставена бомба

Убиен шефот на Иранската револуционерна гарда

Рубио до Иран: Да бидам јасен – не ги таргетирајте нашите интереси или персонал, не сме вклучени во нападите