Утрински Весник
Македонија

Балкански самит Алумни „Securing Regional Prosperity through NextGen Leadership“ во организација на МААА

20250526173709 big 730x400 26 e1748328614559.webp.webp

Во организација на Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА) од денеска до 29 мај ќе се одржи Балканскиот Самит на Алумни „Securing Regional Prosperity through NextGen Leadership“. Настанот е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

На самитот во  хотел „Мериот“ од 9, 30 часот, ќе учествуваат млади алумни – учесници во програми на американската влада – од седум земји од регионот: Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Бугарија. Целта на Самитот е да се поттикне активната улога на младите лидери во унапредување на демократските вредности, регионалната соработка и стабилноста.


На отворањето на настанот ќе збруваат претседателката на МААА Зорица Трајкова Стрезовска, заменик амбасадорката на САД Никол Варнес, претседателот на Собранието Африм Гаши и гувернерката на НБРСМ  Анита Ангеловска Бежоска.

По воведните обраќања ќе следи панел-дискусија со учество на Малинка Ристевска Јорданова, членка на Советот за безбедност, Ментор Врајоли, извршен директор на Косовскиот центар за безбедносни студии, Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања и Фатмир Бесими, поранешен министер за финансии. 

Можете да прочитате

Вечерва голем пожар во фабрика во близина на Скопје

Собранието го избра Трајко Славевски за гувернер на НБРМ

Арсовска пристигна пред Град Скопје: Каде побегна Висар?