Утрински Весник
Македонија

Илиевски: Тендер скроен по мерка на Тошковки – 20 дена по основање фирма добива 4 милиони евра

Metodija sdsm.jpg

Прес конференција, Методија Илиевски – потпретседател на СДСМ

Министерот Панче Тошковски е фатен жив во скандал тежок 4 милиони евра.


Министерството за внатрешни работи доделило милионски тендер на фирма без ниту еден ден искуство – основана само 20 дена пред распишување на тендерот!

Тошковски сам го потврди скандалот, признавајќи дека договори склучила и фирма само со двајца вработени.

Во обидот да се оправда, Тошковски се дозаплетка, со низа контрадикторности и небулози –со што ги потврди сите сомнежи за класична, организирана корупциска шема.

Одиме по ред.

Тошковски вели дека се водел по „квалитетот” на понудата, а истовремено ги намалил критериумите за избор.

Ако навистина се бирал квалитет, зошто не биле поставени јасни услови за искуство и капацитети?

Или зад тој „квалитет” се кријат квалитетни врски и провизии за Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ?

Таков тендер скроил Тошковски, со намалени критериуми. Очигледно го сошил по негов терк.

Се е бизнис интерес за оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема ништо друго.

Како е можно фирма што дотогаш не постоела, да ги исполни сите услови и да достави мостри за квалитет какот што тврди Тошковски?

Кој ѝ ги кажал условите однапред? Кој ја подготвил да учествува и победи?

Каде се тие мостри што ги доставила, кога фирмата не ни постоела?

Никој овде нема наивен, постојат основани сомнежи за местење тендери и блсики релации.

Овде не станува збор за случајност – станува збор за системска корупција на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа СДСМ бара:

-Итна постапка од Јавното обвинителство, распит на сите лица вклучени во скандалот,

-Испитување на можни кривични дела: злоупотреба на службена положба, местење тендер, перење пари.

-Поништување на целиот тендер.

Дополнително, бараме јавно да бидат објавени резултатите и споредбите на мострите по ваквите анализи.

Кои биле критериумите за анализа и споредба на мострите од ралзични фирми, кој е резултатот за секоја фирма и како се оценети сите учесници на тендерот?

Граѓаните заслужваат одговори, заслужуваат да видат каков тендер скроил Тошковски и за кого го шиел.

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи