Утрински Весник
Македонија

Муцунски на одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот договор

Mucunski.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На покана на конгресменот и шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Тарнер, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од утре ќе престојува во Дејтон, Охајо. Посетата се реализира по повод одбележувањето на 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО.

За време на престојот, министерот Муцунски ќе учествува на два значајни настана од официјалната програма: панел-дискусија посветена на унапредувањето на стабилноста на Западен Балкан и на пленарната седница со која ќе биде затворен настанот.


Министерот ќе присуствува и на работна вечера организирана за лидерите од регионот и високи гости, посветена на темите поврзани со мирот и стабилноста на Западен Балкан. Во рамки на настанот ќе се дискутира за напредокот на земјите од регионот, предизвиците со кои се соочуваат, како и за потребата од обновен меѓународен фокус кон мирот, безбедноста и просперитетот на Балканот. Посебен акцент ќе биде ставен на значењето на Дејтонскиот договор за мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина и пошироко.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе