Утрински Весник
Македонија

Концерт на Воениот оркестар на Армијата и Воениот оркестар од Вермонт

20250523184018 big 730x400 45.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Едночасовен концерт денеска на плоштадот „Магнолија“ во Битола ќе одржат Воениот оркестар на Армијата и воениот оркестар од Вермонт, САД. Концертот е дел од предвидените активности во пресрет на воената вежба „Immediate Response 25“ што од понеделник почнува во земјава.

На концертот ќе бидат изведени повеќе популарни џез нумери, македонски шлагери и фолк мелодии, со кои ќе се претстави сојузништвото и ќе се испратат пораки за пријателство и мир.


– Воените оркестри на двете сојузнички армии, како дел од армиската соработка, веќе традиционално пред почетокот на поголемите вежбовни активности одржуваат заеднички концерти. Реализацијата на заедничките концерти со оркестрите од сојузничките НАТО армии дополнително ги зајакнува врските помеѓу сојузниците, како и цивилно-воената соработка, велат од Министерството за одбрана.

Можете да прочитате

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа кај Брвеница