Утрински Весник
Скопје

(Видео) Арсовска пак на терен: Обвинува за екоцид во општина Аеродром

Separacijaerodrom.png

Во општина Аеродром, затекнати при нелегални активности на бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар, од фирма која нема никакви лиценци, елаборати, дозволи и одобренија ниту за работа, ниту за механизацијата со која ги извршуваат овие злодела против природата, а што потенцијално претставува и опасност по здравјето на граѓаните, објави денеска градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

„Почитуван Министер Тошкоски, ова сметајте го и за пријава против лицето Ќамил Османовиќ и неговите соработници кои упатија пред сведоци закани по мојот живот и по животот на моето семејство, за што и формално ќе поднесам пријава до вас. Никој не им се плаши, но убаво би било да видиме дали ќе постапите бидејќи неказнивоста и непостапувањето предизвикува да мислат дека се недопирливи пред законот. За случајот се известени Министерството за животна средина и просторно планирање, МВР и сите надлежни институции. Еве ја ситуацијата на терен. Како во прашумите на Амазон, но во Скопје. Нелегален ископ на криминалците од Прогрес Компани Долно Коњари, браќата Ќазим и Ќамил Османовиќ, кои додека си тераат бизнис и прават пари со енормно загадување на Вардар и природата, имаат време и да се закануваат. Повелете институции, постапете“ вели Арсовска.


Можете да прочитате

Миро Кацаров поставен за директор на Универзална сала

Транспортирани  200 кубни метри отпад во рамките на акцијата „Генералка викенд“

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Општина Аеродром