Утрински Весник
Македонија

Клиниката за онкологија со апел: Смиреност и доверба по обвиненијата

Onkologija.jpg

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија упати апел до пациентите и нивните блиски да останат смирени и да имаат доверба во работата на клиниката, уверувајќи дека по отворањето на случајот „Онкологија“ се воведени драстични реформи.

„Воведени се редовни онколошки конзилиуми и третманите се усогласени со меѓународни протоколи. Персоналот вложува максимални напори за здравјето и благосостојбата на пациентите,“ информираат од клиниката.


Истовремено, Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“. Обвинени се поранешниот медицински Нино Васев и организациски директор за економското работење Нехат Нухи на клиниката, а четворица лекари за третманот на пациентите. Против двајца обвинети е побарана мерка притвор.

Можете да прочитате

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен

Сончево со мала до умерена облачност и ветер