Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица

Obvinitelstvo 1.jpeg

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 став 2 и 5, а во врска став 1 од Кривичниот законик.

З.Г., поранешен директор на Јавно претпријатие за комунална дејност од Струмица, во текот на 2022 година за потребите на јавното претпријатие по фактури набавил вреќи за отпад од правно лице од Струмица за цена во вкупен износ од 1.239.000 денари, а во 2023 година, исто така, набавил вреќи за отпад за цена во вкупен износ од 1.872.660 денари. Ваквите набавки ги извршил без да се спроведе постапка за јавна набавка и конкурс за избор на идејно решение, односно  постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки. Исто така, пријавениот како директор на јавното претпријатие бил должен да предложи годишен план за јавни набавки и да донесе одлука за набавка на средства за работењето на претпријатието, меѓутоа тоа не го сторил, со што постапил спротивно на член 34 од Статутот на претпријатието. Со таквите дејствија С.Г. овозможил правното лице од Струмица да се стекне со против правна имотна корист во вкупен износ од 3.111.660 денари.


Можете да прочитате

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделакта е однапред договорена

Два нови пилоти за гаснење пожари се приклучуваат на ДЗС