Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова: Потребно е да се поддржат заложбите за негување и зачувување на влашкиот јазик, идентитет и култура

Davkova 2.webp.webp

Претседателката Сиљановска-Давкова упати јавна честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.

„На 23 мај 1905 година, пред 120 години, со декретот на султанот Абдул Хамид Втори се прифати вистината за Власите како посебен, автохтон народ, со сопствен јазик, автентична култура и многувековно постоење на овие простори. Освен што овозможи отворање на училишта на влашки јазик во рамките на Отоманската Империја, овој чин одигра клучна улога за влашката преродба. Не случајно, во 1991 година, токму овој историски датум бил прогласен и за Национален ден на Власите. Особено сме горди што речиси две децении 23 Мај се празнува и во нашата заедничка македонска татковина.


И покрај предизвиците во образованието, претставниците на влашката заедница континуирано го вложуваат својот креативен потенцијал во секоја општествена сфера. Затоа, државата мора да ги отстрани и последните пречки за нашите сограѓани, Власи, да можат без никаков проблем да го остваруваат човековото право на образование. Затоа, потребно е да се поддржат заложбите за негување и зачувување на влашкиот јазик, идентитет и култура. Влашкиот јазик е дел не само од македонското, туку и од европското културно богатство.

Нека е за многу години 23 Мај, Националниот ден на Власите!“, пишува во честитката.

Можете да прочитате

Министерот Шабан Салиу излегува од притвор – ќе се брани од слобода

Арсовска добивала закани по живот

По речиси 15 години се враќа А2 Телевизија