Утрински Весник
Македонија

Филипче: Власите се нераскинлив дел од мозаикот на нашето општество

Filipce.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска по повод  Националниот ден на Власите, упати честитка до  сите припадници на влашката заедница, упатувајќи порака на благодарност и признание за нивниот историски и општествен придонес во државата.

„На сите припадници на влашката заедница им го честитам денешниот Национален ден на Власите. На овој ден оддаваме почит и признание на влашкиот народ, на нивната истрајност, култура и традиција.


Низ историјата, Власите имаат значаен придонес во клучните историски моменти за државата, во борбата за слобода, независност и државност. Со својот јазик, обичаи и традиции, влашкиот народ е нераскинлив дел од мозаикот на нашата држава.

Упатувам искрена благодарност до сите припадници на влашката заедница за нивната активна улога во изградбата на нашето заедничко и праведно општество, водено од вредностите на меѓусебно почитување, доверба и единство.Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите.”, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Можете да прочитате

Предизвикал сообраќајна несреќа со друго возило, при што тешко бил повреден и еден пешак, приведен возач од Скопје

МетеоАларм најава: Следуваат силен ветер и продор на многу ладен воздух

Македонското радио одбележува 81 година од постоењето