Утрински Весник
Свет

Авион падна врз приватни куќи, евакуацијата е во тек (ВИДЕО)

2287723.jpg

Мал авион се урна во населба во Сан Диего за време на магла рано утрово во четврток, предизвикувајќи пожар во околу 15 домови и евакуација на жителите во неколку блока, соопштија властите.

„Имаме гориво насекаде“, рече помошникот началник на противпожарната служба Ден Еди.


– Нашата главна цел е да ги пребараме сите овие куќи и да ги извлечеме сите луѓе – додаде тој.

Тој рече дека имало „директен удар врз повеќе куќи“ во населбата Мерфи Кењон.

Сè уште не е познато дали има повредени.

Еди рече дека имало многу густа магла во времето кога се урнал приватниот авион.

– Едвај можеше да видиш пред тебе – рече тој.

Федералната администрација за авијација (FAA) соопшти дека авионот „Цесна 550“ се урна во близина на аеродромот Монтгомери-Гибс.

„Бројот на луѓе што биле во авионот во овој момент е непознат“, се вели во соопштението на ФАА.

Авионот може да превезува од шест до осум лица.

Можете да прочитате

Трамп: Ги одложувам сите воени напади врз енергетската инфраструктура на Иран

Иран се закани со напади врз електроцентрали на Блискиот Исток, на списокот и нуклеарка во Емиратите

Белгија ги враќа воените патроли на улиците поради растечки безбедносни закани