Утрински Весник
Македонија

Македонец измамил осум родители во Хрватска, се претставил како доктор и успеал да им земе огромна сума пари

Policija Hrvatska.jpeg

Хрватската полиција предупредува на нова измама во која сторители се преправаат дека се лекари и ги контактираат родителите со лажна вест дека животот на нивното дете е во опасност, барајќи голема сума пари за „итно неопходна операција“.

„Лицето се претставувало како доктор кој велел: „Животот на вашето дете е во опасност. Се случила голема трагедија и потребни се пари за оваа тешка операција“, изјави Марија Гоати, портпаролка на полицијата во Загреб за „Дневник“.


На овој начин, во Загреб, измамникот успеал да извлече пари од осум очајни родители, нанесувајќи им штета од над 270.000 евра.

Полицијата го идентификувала главниот измамник како 26-годишен државјанин на Северна Македонија, кој набрзо завршил во затвор. Во тек е потрага по уште едно лице кое на сличен начин измамило две семејства.

Полицијата апелира до граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви или слични измами, особено кога станува збор за итни барања за парични средства поврзани со здравствени проблеми. Се препорачува веднаш да се пријави сомнителен повик или порака до надлежните органи.

Можете да прочитате

Модно студио и тазе фирма од Скопје за 3,8 милиони евра ќе кројат униформи за специјалната полиција!

Мајмунски сипаници пристигнаа и во Македонија – првите два случаи потврдени

Први случаи на мајмунски сипаници потврдени во Македонија