Утрински Весник
Свет

Лавров: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Lavrov.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Русија нема да се согласи на безусловно примирје со Украина и покрај притисокот од францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, пишува агенцијата Анадолија.

Зборувајќи пред студентите на Руско-ерменскиот универзитет во Ереван, главниот град на Ерменија, Лавров нагласи дека на Украина не може да ѝ се верува бидејќи ги користела претходните прекини на огнот за зајакнување и вооружување на своите сили, што ѝ овозможило да ги продолжи нападите врз Русија.


„Сега ни велат: „Ајде да прогласиме примирје, па потоа ќе видиме“. На тоа одговараме: „Не, сме поминале низ тоа и претходно и не сакаме да се случи повторно“, рече тој. Лавров ја обвини Европската Унија за дополнително разгорување на конфликтот со продолжување на испраќањето оружје во Украина, а ги обвини Макрон и Стармер за нивната поддршка на Киев за моменталната ситуација.

Од друга страна, рече тој, и Русија и САД изразија подготвеност да поддржат воспоставување јасни услови за долгорочно решение на конфликтот во Украина.

Можете да прочитате

Нетанјаху утре на средба со Трамп

Лукоил пумпите во САД под санкции

Трамп: Имав многу продуктивен телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски