Утрински Весник
Македонија

Втори Кирило-Методиеви научни средби – 24info.mk

Kiril i metodij 777 poster.gif

На Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Вторите Кирило-Методиеви научни средби“ во организација на Институтот за национална историја и Православниот-богословски факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. 

Научните средби имаат цел за одбележување на патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, во контекст на зачувувањето и афирмирањето на вековните македонски историски и црковни традиции. Научните средби прераснуваат во препознатлив академски форум на кој во иднина ќе бидат засегнати и отворени прашања од областа на кирилометодиевистиката како фундамент на македонската средновековна историја, книжевност и јазик, како и како општо цивилизациска придобивка.


На свеченото отварање ќе се обратат ректорката на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”, проф.д-р Биљана Ангелова, деканот на Православниот богословски факултет, проф. д-р Дејан Борисов, директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Б. Панов, по што ќе следи промоција на Зборникот од Првите Кирило-Методиеви научни средби, од академик Ѓорѓи Поп Атанасов.   

Можете да прочитате

Осумнаесет кандидати во трка за градоначалник на Скопје на локалните избори 2025

Во пожарите во село Крапа изгореле сите овци на локален сточар, граѓаните се организираат да му помогнат

Следува продор на значително поладен воздух од север во Македонија