Утрински Весник
Македонија

Левица: ДПМНЕ го отвори судството како пупка – втор случај на наши осудени членови

Levica.webp.webp

Соопштение на Левица:

Деновиве пристигна уште една пресуда на вмровското режимско судство, каде советници на Левица експедитивно се прогласени за виновни за клевета! Минатата година, Левица објави шокантни податоци за расфрлање со народни пари на угостителски услуги во општина Битола, податоци кои се јавно достапни. Во духот на вмровскиот режим, кој функционира само со закани и заплашувања, против советниците на Левица во општина Битола, Горан Велевски и Гаврил Трајковски, беше поднесена тужба за клевета од заменик-градоначалникот Бојан Бојкоски. 


Првично, судијата Александар Илиевски при Основен суд Битола донесе пресуда со кој скандалозно ги прогласи за виновни советниците на Левица. За неговиот вазален однос кон власта, истиот беше награден со унапредување во апелационен судија. Откако правниот тим на Левица ја обжали оваа пресуда, деновиве и Апелациониот суд во Битола ја потврди пресудата во корист на заменик-градоначалникот на општина Битола!. 

Апелационите судии кои ја донесоа оваа пресуда – Жаклина Доведен, Дејан Крстанов и Ристо Сотиров – своето унапредување го добија на 22 јануари оваа година, односно директно под власта на ДПМНЕ. Познатиот режимски метод на судии од тефтерчињата, партијата на Мицкоски започна да го применува одвај една година после доаѓањето на власт.

Додека граѓани чекаат со години заглавени низ судските лавиринти, очигледно судиите се експедитивни само кога треба да спроведат политичка нарачка од власта. Дали ова е уште еден доказ дека ДПМНЕ си поставува свои кадри во судството за политичка одмазда?

Народот нема доверба во судството – не поради статистика, туку поради реалноста! Пресуди по нарачка, унапредувања по партиска линија, судии што слугуваат – наместо да судат! Ова не е правда. Ова е политички прогон под маската на „владеење на правото”. Ова не е независно судство. Ова е инструмент за замолчување и одмазда! 

Можете да прочитате

Уште едно заминување од кругот на Таравари – Абази на чело на КХВ

Во Министерството за односи со заедниците нема повеќе ќебапи на државна сметка

Сообраќајка на експресниот пат Градско – Прилеп – во целосен прекин е ставен сообраќајот