Утрински Весник
Македонија

Понесе оставка и координаторот за имплементација на нови технологии Блерант Рамадани

Blerant ramadani.jpg

Националниот координатор за имплементација на нови технологии Блерант Рамадани, кадар на Алијанса за Албанците, крило на Арбен Тарвари, поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

„Денес донесов одлука да се повлечам од функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии – одговорност која ја извршував со посветеност, интегритет и визија за развојот на нашата земја. Искажувам благодарност до Алијансата за Албанците за довербата, до Премиерот за укажаната можност, како и до сите институционални соработници и партнери за поддршката и професионализмот. Оставката не претставува крај, туку чекор на размислување и подготовка за нови предизвици. Останувам посветен да придонесувам таму каде што мојот ангажман може да донесе вредност“, вели Рамадани.


Можете да прочитате

Уапсена скопјанка кој го предизвикала пожарот кај МТВ

Бакарот станува стратешки ресурс, Аргентина и Чиле го менуваат пристапот – каде е Македонија? 

Полски државјанин тешко повреден по пад од четирицикл кај охридско село