Утрински Весник
Свет

Баро: Потребна е итна и масовна помош за Појасот Газа

20250520104815 big 730x400 70.webp.webp

Шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро денеска изјави дека не е доволно тоа што Израел го олесни пристапот до хуманитарна помош за Појасот Газа.

Тоа апсолутно не е доволно. Потребна е итна и масовна помош, посочи Баро.


Тој додаде дека Израел не смее да поставува никакви пречки за испорака на помош за Појасот Газа.

Лидерите на Велика Британија, Канада и Франција вчера се заканија со воведување на санкции против Израел доколку не ја запре новата воена офанзива во палестинската енклава и не ги укине ограничувањата за помош.

Израел вчера објави дека им дозволил на пет камиони со хуманитарна помош на ОН да влезат во Појасот Газа по 11-неделна блокада.

Можете да прочитате

ЕУ ги укина санкциите против Сирија

Земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

ЕУ воведува такса за милијарди мали пакети од Кина