Утрински Весник
Свет

Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава

20250520100319 big 730x400 20.webp.webp

Најмалку 160 лица загинаа, а 234 се исчезнати на медитеранската рута од почетокот на годината до 17 мај, соопшти Меѓународната организација за миграции во Либија.

Исто така, објавено е дека во истиот период 8.665 мигранти се фатени на море и вратени во Либија, пренесе Анса.


Од нив 7.369 се мажи, 895 жени, 296 малолетници, а за 105 лица не е познато од кој пол се.

Можете да прочитате

ЕУ ги укина санкциите против Сирија

Земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

ЕУ воведува такса за милијарди мали пакети од Кина