Утрински Весник
Македонија

Билјана Каракашова Шулев ќе ја менува Димитровска од Антикорупциска додека е под истрага

Screenshot 20250519 182947 messenger.jpg

Билјана Каракашова Шулев е новата заменик-претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), објави „4News.mk“.

Иако изборот бил направен уште на 3 март 2025 година, уписот во Централниот регистар е извршен дури денеска. Каракашова Шулев е активен член на комисијата, а со оваа одлука официјално ја презема функцијата заменик-претседателка откако беше уапсена претседателката.


Изборот доаѓа во чувствителен момент за институцијата, бидејќи претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, е под судски мерки на претпазливост и дополнително под истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Од страна на Обвинителството ѝ е изречена мерка за времено оддалечување од работното место, што значи дека Димитровска не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Комисијата. Воедно, ѝ е забрането да гласа и да врши распределба на предмети додека трае истрагата.

Можете да прочитате

Скопјанка пријавила дека маж качен на скала ја гледал додека се пресоблекувала во бутик

ИЈЗ викендов ги анализира мострите од гостиварската вода

ЛДП: Заканите кон новинар се напад врз слободата на говорот