Утрински Весник
Македонија

Боки 13 почнува со поткаст – првиот ќе биде за случајот “Рекет”

Fb img 1747664512765.jpg

Контроверзниот медиумски лик Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, повторно се враќа на јавната сцена, овојпат како водител на нов поткаст наречен „Б13“. Тој најавува дека ќе се емитува еднаш неделно, а ќе се фокусира на разни теми од мода до општество.

Според најавата, првиот поткаст ќе биде за случајот „Рекет“ за кој тој беше осуден, како и за случајот „Меѓународен сојуз“ кој се суди по вторпат. Негови гости, ќе бидат неговите адвокати – Сашко Дукоски и Владимир Туфегџиќ.


Во најавата стои дека ќе се зборува и за затворските денови, но и деновите на слобода.

Потегот доаѓа по неколкугодишно отсуство од медиумите, период обележан со судски процеси, затворска казна и силно медиумско внимание. Поткастот ќе се емитува секој понеделник во 21 часот, терминот кога поткаст има и јутуберот Стефан Лазаров.

Можете да прочитате

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?

Побаран притвор за 20-годишник: Удрил дете во глава пред „Јане Сандански“, тоа се онесвестило