Утрински Весник
Свет

Вооружени банди убија најмалку 50 луѓе во Нигерија

Nigerija zname.jpg

Во вооружените напади за време на викендот во трите нигериски сојузни држави Кацина, Кеби и Бенуе загинаа најмалку 50 луѓе, соопштија нигериските власти.

Сè уште ниту една група не презеде одговорност за нападите, но се претпоставува дека истите се извршени од вооружени криминални банди, кои од 2020 година вршат насилство, грабежи и киднапирања во северниот дел на Нигерија.


Во сојузната држава Кацина вчера се пронајдени 20 безживотни тела во заедницата Гобирава. Според очевидци, вооружени напаѓачи на мотоцикли на 17 мај отвориле оган врз цивилите, при што убиле 20 лица. Сè уште не е познат бројот на повредени лица. Напаѓачите уништиле и 15 продавници и 20 куќи.

Додека вчера во селото Ваје, во сојузната држава Кеби убиени се 15 земјоделци додека работеле на нива. При нападот повредени се три лица.

Исто така вчера се убиени 15 луѓе во близина на местата на Огвумогбо и Окпо’окполо, во државата Бенуе. Поголемиот број од жртвите се трговци, кои се враќале од пазарот во Овета.

Во Нигерија чести се нападите врз припадниците на ранливите заедници. Нигериската Влада се соочува со растечки притисок да се справи со проблемот на несигурност, што предизвика илјадници смртни случаи и раселување.

Можете да прочитате

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца

Шји предупреди на конфликт околу Тајван за време на разговорите со Трамп во Пекинг

Мадуро затворската ќелија ја дели со уште 18 затвореници