Утрински Весник
Македонија

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

Img 20250519 wa0002.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение на НСДП:

НСДП вчера во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беа разгледани активностите на партијата кои се преземаат во пресрет на престојните локални избори.


На седницата беше донесена одлука дека партијата на претстојните локалните избори во октомври оваа година ќе настапи како дел од Коалицијата предводена од СДСМ.

Беше констатирано дека општинските организации на партијата кадровски и оперативно се целосно подготвени да го дадат својот придонес за успешна промоција на програмата и на кандидатите за градоначалници и советници од Колацијата предводена од СДСМ, со цел освојување на довербата на граѓаните и постигнување на успех на изборите.

Исто така, НСДП ја отпочна внатрепартиската постапка за евидентирање и утврдување кандидати за градоначалници и советници во советите на општините и градот Скопје, обезбедувајќи транспарентна, легитимна и демократска внатрепартиска процедура, за да се дојде до најприфатливи кандидати од НСДП кои имаат најголеми шанси за успех на изборите.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ нуди козметички измени за спас на функционерите

Манасиевски: Филипче е должен да одговори колку пари има инвестирано во Дубаи за да добие златна виза

Пронајдени над 9.000 парчиња пиротехнички средства во Гостивар