Утрински Весник
Македонија

Таравари: Горд сум на излегувањето од Владата, победуваме во октомври

Taravari Bir Bb.jpg

Арбен Таравари преку Фејсбук статус објави дека е горд на излегувањето на Алијансата за Албанците (АА) од Владата и порача дека ќе победат на локалните избори во октомври.

Во статусот вели дека АА е посилна од кога било иако некои се обидуваат да ја прикажат како поделена.


-Горд сум на секој од вас што е дел од Алијансата за Албанците, горд сум на сите вас што цврсто стоевте при нашето излегување од Владата. На оние кои се обидуваат да нè прикажат како поделени, ви велам – вашата серија не е успешна, гордо сме посилни од кога било. Не заборавајте ние сме победниците во октомври, напиша Таравари на својот фејсбук профил

Можете да прочитате

Марковска: Македонија се создаваше во бурни и магливи времиња

Роден само три минути по независноста: Христијан Проданов 35 години расте заедно со Македонија

Костадин Костадинов доби син на Денот на Независноста