Утрински Весник
Македонија

Модерно карго, патничка железница од Табановце до Гевгелија, болници – Мицкоски најави инвестиции по договорот со Обединетото кралство

Mickoski loson 3898923.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Христијан Мицкоски најави модернизација на вооружените сили, подлабока интеграција во НАТО стандардите, поголема безбедност на границите, спротиставување на шверцот, засилена соработката во образованието. Тој рече дека ова ќе дојде со новиот стратешки договор со Обединетото кралство.

Овој чин е неповратен чекор напред во изградбата на иднината. Нашите две држави ги поврзуваат заеднички вредности – слобода, демократија, владеење на правото, длабока посветеност кон проспиритетна европа, ова е многу повеќе од билатерален ангажман. Ја отвораме соработката во одбраната, во образованието, здравството, културата, економскиот развој и инвестициите. Со овој документ се праќа порака дека граѓаните се најважни. Овој договор е наш труд со месеци“, рече Мицкоски.


Тој најави дека партнерството со Обединетото кралство ќе биде основата на инвестициски циклус од 6 милијарди евра, кои ќе се употребат за инвестиции во инфрасткрутурата, изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија, инвестиции во здравството, завршување на проектот на болницата во Штип заедно со студентскиот дом, изградба на болницата во Кичево, реконструкција на болницата во Тетово.

Прашан како ќе дојдат средствата од 6 милијарди евра, тој рече дека работат на деталите.

„Не е се уште завршено, иако сме блиску до конечно решение. Репер ни се два параметри – грејс период и долг период на отоплата“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе