Утрински Весник
Македонија

Вреди: Ахмети не може да се спаси ни со нови зделки

Vredi vlen.jpg

Коалицијата Вреди жестоко го нападна ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, обвинувајќи ги за политички манипулации, корупција и обид за спас преку нови задкулисни зделки. Според Вреди, „времето на Ахмети е завршено, а Албанците веќе не се подготвени да се залажуваат со празни ветувања и темни сценарија“.

Во нивното денешно соопштение, Вреди посочува дека ДУИ се обидува да се одржи на власт по секоја цена, дури и користејќи ги како алатка поединци кои, според нив, го напуштиле патот на промените.


„Ова е уште еден обид на ДУИ да создаде димна завеса и да го одвлече вниманието од сопствениот политички пад. Арбен Таравари денес е дел од таа мизерна шема. Тој не е креатор, туку само алатка на една очајна политика“, велат од Коалицијата Вреди.

Од таму велат дека ДУИ две децении ги држи Албанците како заложници преку „црни листи, уцени и манипулации“, додека политичката моќ на Ахмети била изградена врз страв и закани.

Албанците веќе препознаваат кој им ја украде надежта и кој патриотизмот го претвори во алиби за корупција. Вреди е тука за да гарантира дека времето на неказнивост ќе заврши. Промената е во тек и нема враќање назад“, велат од коалицијата.

Коалицијата ги повика сите разочарани членови и симпатизери на Алијансата за Албанците да им се придружат во „борбата за достоинство, правда и чесно претставување“.

Можете да прочитате

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ