Утрински Весник
Свет

Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул

20250516155710 big 730x400 64.webp.webp

Москва е генерално задоволна од резултатите од состанокот со Украина и контактите ќе продолжат, изјавил шефот на руската делегација по завршувањето на денешниот состанок во истанбул, јави Анадолија.

Според агенцијата, Русија и Украина на состанокот договориле размена на по илјада воени заробеници, што е најголема размена од почетокот на војната, изјавил украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.


– Разговаравме за прашањето за прекин на огнот. И за прашањето за размена на затвореници. Резултатот е размена на 1.000 лица за 1.000. Тоа е резултатот од нашата средба, изјавил Умеров, пренесува Би-Би-Си.

Тој додал дека датумот на размена е утврден, но нема да биде објавен јавно.

Умеров исто така рекол дека е разговарано за потенцијална средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин и оти наскоро ќе биде објавено соопштение за можна нова рунда разговори

Разговарани се и „сите модалитети“ за прекин на огнот, додал Умеров

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран