Утрински Весник
Македонија

Во Белград вечерва свечено отворање на Македонскиот КИЦ

20250516084453 big 730x400 54.webp.webp

Во Белград вечерва свечено ќе биде отворен Македонскиот културно-информативен центар, со присуство на македонскиот и српскиот министер за култура, Зоран Љутков и Никола Селаковиќ.

Во музичкиот дел од програмата, насловена како „Ајде, слушај, слушај…” ќе настапи Зарина Првасевда, а специјален гостин во програмата ќе биде Васил Хаџиманов.


Во ликовниот дел од програмата ќе може да се види ретроспективна изложба на 25 ликовни уметници од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМС).
 
На свеченоста ќе се дегустира македонско вино, од гевгелиското поднебје.

Ќе се обратат директорот на нашиот КИЦ во Белград Васко Шутаров, амбасадорот во Србија Никола Тупанчески, српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, македонскиот министер за култура и туризам Зоран Љутков и потпретседателот на македонската влада Иван Стоилковиќ.

Можете да прочитате

Клековски: Утврдени неправилности при издадени боледувања кај 29 од 80 контролирани осигурени лица во МВР

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделакта е однапред договорена