Од иницијативата Зелен Хуман Град алармираат дека во Скопје ќе се сечат 113 дрвја во Градскиот парк.
– Според решението објавено пред 30 дена од Секторот за комунални работи од Град Скопје, се одобрува сечење на 113 дрвја во Градски парк во Скопје. Животот на едно дрво нормално е да има крај (дали природен или поради лошо одржување на истото), но мора многу претпазливо да се пристапи кон вака драстично менување на последната скопска оаза – Градскиот парк, велат од ЗХГ од каде го споделија и документот.
– Според тоа што ние гледаме на терен, има дрвја кои делуваат здрави и затоа побаравме од Град Скопје детално мапирање на секое дрво опфатено со ова решение, како и детално објаснување зошто секое дрво треба да се исече. Без разлика дека на нивно место ќе се засадат 300+ нови дрвја не помлади од 6 години, замена на децениски дрвја е невозможна – и за животната средина, и за сенката, и за кислородот и за екосистемот. Затоа на секаква интервенција врз зеленилото од кое и така има огромен недостиг во Скопје, мора да се пристапи премногу внимателно! – предупредуваат од иницијативата.
Велат дека по дискусија со Секторот за комунални работи, добиле покана да ги разгледаат извештаите од шумските инженери за секое дрво, и да направат заедничка обиколка низ градскиот парк за да се објаснат состојбите и причините за сеча на овие дрва.