Утрински Весник
Македонија

Регионалната конференција „Empowered” во Скопје ги обедини актерите од Западен Балкан за поголема инклузија на лицата со попреченост

Viber image 2025 05 14 13 32 28 398.jpg

Денес во Скопје се одржа регионалната конференција „Empowered – Предизвици и можности за работна и социјална инклузија на лицата со попреченост во регионот на Западен Балкан”,на која присуствуваа над 100 учесници од целиот регион, меѓу кои претставници на министерства, меѓународни организации, здруженија на лица со попреченост, локални власти и експерти.

Конференцијата беше свечено отворена од заменик министерот за  социјална политика, демографија и млади на Република Македонија, Ѓоко Велковски, кој во своето обраќање истакна:


„Со јасна визија, со силна политичка волја и со партнерства што го надминуваат националниот интерес, денес покажуваме дека Република Северна Македонија не чека – туку дејствува. Оваа конференција не е само форум, туку политичка и општествена порака дека сме подготвени како Влада, како институции и како општество да вложиме во инклузивни политики кои носат реална промена на терен. Нашето политичко делување и заложба е едноставно – никој не смее да биде изоставен. Не само на хартија, туку во реалноста.”

Во рамки на трите тематски панели – Inclusive Balkans, From Policy to Practice и The Way Forward, учесниците дебатираа за предизвиците и можностите поврзани со вработувањето, образованието, пристапот до услуги и меѓусекторската соработка. Посебен акцент беше ставен на потребата од зајакнување на јавно граѓанско приватните партнерства и ефективно искористување на постојните фондови за локална инклузија.

Како еден од клучните резултати беше постигнат консензус за формирање Регионална работна група за инклузија на лицата со попреченост, како и иницирање на заедничка Декларација за инклузија на ниво на Западен Балкан. Учесниците претставија добри практики и идеи за конкретни проекти кои ќе се реализираат во партнерските заедници во наредните години. 

Можете да прочитате

Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “Support Коcani“

ЛАДЕН БРАН СРЕДЕ МАЈ: Доаѓаат обилни дождови, ветер и снег!