Утрински Весник
Свет

Трамп до Ал Шара: Можете да направите нешто историско во Сирија

20250514114609 big 730x400 70.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп, на покана на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, денеска се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, соопшти портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит.

На средбата телефонски се приклучил и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.


Ердоган го поздравил Трамп за укинувањето на санкциите против Сирија и се обврзал да работи заедно со Саудиска Арабија за да поттикне мир и просперитет во Сирија.

Според Ливит, саудискиот престолонаследник, исто така, ја поздравил одлуката на Трамп за укинување на санкциите, нарекувајќи ја „храбра“.

Трамп им се заблагодари на Ердоган и на Бин Салман за нивното пријателство и му рекол на Ал-Шара дека има огромна можност да направи нешто историско во својата земја.

– Претседателот Трамп го охрабри претседателот Ал-Шара да направи одлична работа за сирискиот народ и го повика да го потпише Абрахамскиот договор со Израел, да им нареди на сите странски терористи да ја напуштат Сирија, да депортира палестински терористи, да им помогне на САД да го спречат повторното појавување на ИСИС, да ја преземе одговорноста за центрите за притвор на ИСИС во североисточна Сирија, информира Ливит.

Ал-Шара им се заблагодарил на Трамп, на бин Салман и на Ердоган за нивните напори да ја организираат средбата „и ја препозна значајната можност што ја нуди заминувањето на Иранците од Сирија, како и споделените американско-сириски интереси во борбата против тероризмот и елиминирањето на хемиското оружје“, напиша Ливит на Х.

Ал-Шара ја потврдил својата посветеност на договорот за раздвојување со Израел од 1974 година. Тој изразил надеж дека Сирија ќе служи како критична врска во олеснувањето на трговијата меѓу истокот и западот и ги покани американските компании да инвестираат во сириската нафта и гас.

Се разговарало и за руско-украинската војна и војната во Газа

Можете да прочитате

Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО

Русите вечерва треба да соопштат кој ќе оди на преговори во Турција

Трамп: Сè уште размислувам дали ќе присуствувам на преговорите за Украина во Турција